Легендарниот српски актер Бора Тодоровиќ (84) се наоѓа во критична состојба во Клиничкиот центар во Белград!
Познатиот глумец неодамна го оперирал селпото црево, а во процесот на заздравувањето му се слошило и во моментот се наоѓа во кома.
Во текот на вчерашаниот ден Бора Тодоровиќ не се будел од кома. Инаку, пред операцијата на слепото црево, овој врвен актер е виден на јавни манифестации каде ништо не упатувало на тоа дека има здравствени проблеми. Во почеокот на минатиот месец присуствувал на промоција на книга, а во почетокот на мај станал дедо и не ја криел радоста поради тоа што неговиот син Срѓан станал татко.
Што се однесува до професијата, Тодоровиќ последните години се повлекол од светот на театарот и филмот, а во медиумите ретко се појавувал.