ФОТО: Еве како ќе изгледа спортскиот центар на Пандев


Македонската фудбалска ѕвезда Горан Пандев, започна со изградбата на најавениот Спортски фудбалски комплекс во својата родна Струмица.

pandev-1Центарот според идејното решение треба да содржи зграда со сместувачки апартмани, базени, теретани сауни и фитнес центар. Комплексот ке има и фудбалски терен на вештачка трева со трибински простор од 400 седишта.

Идејното решение на македонскиот интернационалец е направено според италијанските стандарди за изградба на вакви фудбалски комплекси, кои треба да служат за подготвителниот период на фудбалерите, како и за одигрување на официјални фудбалски натпревари.

Пандев моментално заедно со своето семејството е во Струмица од каде ги следи активностите околу почетокот на изградбата на овој спортски објект, кој ќе биде веднаш до Спортската сала „Парк“ во Струмица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1