Британија предупреди на тероризам во Македонија!?


Британската амбасада во Македонија ги предупредува британските граѓани дека доколку патуваат во Македонија треба да бидат внимателни поради „основана закана од тероризам“, јави Нова.

protestiВо соопштението кое е издадено на 7 Јули годинава, британската амбасада на својата Веб страницата напишала:

-Повеќето посети во Македонија се непроблематични. Повремените акти на насилство и криминал генерално не се насочени кон странските гости.

Најавени се протести за месецот јули во попладневните часови во центарот на Скопје и другите градови во Македонија (претежно на северозапад). Проверувајте ги локалните медиуми за да избегнете демонстрации и собири.

Особено внимавајте доколку патувате во северните и западните погранични региони (проверете ја секцијата за криминал). Постои основана закана од терориразам. Иако не е веројатно дека ќе има напади, тие би можеле да се случат на места со странски патници, се вели во соопштението на британската амбасада во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1