Грчките царински службеници од ноќеска на полноќ започна 24 часовен штрајк, поради кој ќе има изменет сообраќаен режим на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“.
На двата гранични премини во наредните 24 часа нема да се одвива сообраќајот на товарни моторни возила. Најавено е сопирање на секаков влез или излез на товарните моторни возила. На граничниот „Меџитлија“ ќе има измени и во патничкиот и автобускиот сообраќај. Возилата од оваа категорија ќе се пропуштаат повремено, а на „Богородица“ патниот и автобускиот сообраќај ќе се одвива нормално, известуваат грчките власти.
На граничниот премин „Стар Дојран“ не се најавени ограничувања на сообраќајот.