Новак Ѓоковиќ ќе се венча денес со својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ на Свети Стефан…
Како што пренесува дневниот весник „Alo!“ најдобриот српски тенисер не штедел пари за својот најсреќен ден и наводно потрошил неверојатни 2.5 милиони евра за својата свадба, на која ќе присуствуваат гости од цел свет.
Сместувањето во луксузниот ризорт „Aman“ покрај островот Свети Стефан чини 2 милиони евра, кој Ноле го закупил за оваа специјална пригода. Ѓоковиќ им обезбедил и повратни авио карти на сите гости, додека келнерите и оние што ја декорираат свадбата ги исплатил однапред.
Келнерите ги носеле вчера најскапите пијалоци – пива, вина и шампањи во картонски кутии. Музичарите и пејачите вчера исто така пристигнале во Црна Гора и го вежбале својот репертоар, кој ќе го изведат пред светските џет-сетери. Тие се: Миша Мијатовиќ, „Фемили Бенд“, Мирослав Илиќ, Жељко Самарџиќ, Лена Ковачевиќ и Милица Тодоровиќ.
Некои од пријателите на Ноле пристигнале уште од понеделникот и се сместиле во своите апартмани, а вчера пристигнале гости од сите делови на светот, од кои многумина дошле со јахти.
Еве каде ќе се одмараат гостите .. Ноле и Јелена пак ќе бидат сместени во славната вила 181 каде летувале многу познати имиња.