Сирени се огласија во Тел Aвив и централниот дел на Израел денеска предупредувајќи за ракетен напад од Појасот Газа.
По неколку минути беа региsтрирани неколку експлозии.
Според израелски медиуми најмалку две ракети се уништени од системот за ПРО, Железна купола над Гуш Дан.
Градските власти во Тел Авив во меѓувреме врз основа на инструкциите на цивилната одбрана почнаа да ги отвараат скривалиштата за бомбашки напади, поради можните ракетни напади од Појасот Газа.
Имаше повеќе ракетни напади во последните неколку надели поради напнатоста после убиството на тројцата млади Еврејци, за што е обвинет Хамас, и убиство за освета на еден палестинец кое го признале еврејските екстремисти.
Израелската војска повика 40.000 резервисти за случај да одлучи да покрене копнена офанзива во Појасот Газа.
Одлуката ја донела израелската влада после утринската воздушна офанзива која ја покрена против палестинскиот радикален покрет Хамас, пренесуваат израелски медиуми.