Од денеска ќе може да изнајмите електромобил во Скопје – еве колку чини


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ денеска ќе ги претстави електромобилите и електровелосипедите на пунктот за изнајмување на овие возила на плоштадот „Македонија“.

Цената за едно возење е 50 денари.

polnac za elektricni avtomobiliЕлектромобилите ќе имаат шофер кој, покрај тоа што ќе вози, ќе биде обучен и како туристички водич, односно ќе ги об­јас­ну­ва знаменитостите на градот. Ќе има опција и оние што ќе ги из­нај­мат, самите да ги возат”, рече Борче Јакимовски, директор на ЈП „Градски пар­кинг”, кога ги најави електромобилите.

Во електромобилите ќе има можност да се возат четворица.

Тие работат на струја, односно во нив се вградени батерии кои се полнат со елек­трич­на енергија. На Плоштадот ќе биде направен и пункт за изнајмување, но и ста­ни­ца за полнење на возилата. Откако ќе се наполни, возилото ќе може да помине 100 километри.

Ќе можат да се изнајмуваат секој ден од 10 до 23 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1