Хамас ги бомбардира Тел Авив и Ерусалим – Израел ја прошири офанзивата


Израел денеска значително ја прошири офанзивата во Појасот Газа откако од палестинските територии беа истрелани ракети врз Ерусалим и Тел Авив.

Izrael-HamasТоа е најголем судир меѓу двете страни од ноември 2012 година и расте загриженоста дека Израел би можел да преземе голема копнена офанзива.

Вашингтон, Брисел и поголемиот број арапски земји побараа моментален прекин на насилството, кое се заканува да прерасне во поголем судир во регионот.

Од вчера израелските авиони бомбардираа 430 цели во Појасот Газа, а екстремистите на хамас истрелаа 117 ракети, од кои некои врз Ерусалим и Тел Авив, па дури и врз Хадер, оддалечен 116 километри.

Во досегашните судири загинаа 32 Палестинци, меѓу кои екстремисти, но и деца и жени. Над 230 се повредени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1