Се роди најмалото бебе во Македонија, тешко е 600 грама, а е родено по 24 неделна бременост, објави Канал 5.
Поради предвременото породување бебето е на интензивна нега на Клиниката за детски болести. За неговиот развој и здравствената состојба се грижи тим на лекари.
Доктор Аспазија Софијанова од Детската клиника објаснува дека раѓањето во почетокот на осмиот месец од бременоста е тренд во целиот свет. Инфекциите кај мајките, високиот притисок, дијабетесот, стресот се главните причини за предвремените раѓање.