Бесплатен погреб за донаторите на органи


Погребот на починатите лица кои ќе бидат донатори на органи, ќе биде на државен трошок е предлогот во законските измени во Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело, кој денеска мина на првото читање на собраниската комисија за здравство

donatori organiСо нив се предвидува на семејството на умреното лице, кој е дарител на органи и ткива да му бидат надоместени реалните погребални трошоци, но најмногу до три просечни месечни нето-плати по вработен исплатени во земјата во последниот месец пред настапување на смртта. Паричната помош ќе ја обезбедува Министерството за здравство преку државната програмата за земање делови од човечко тело заради лекување донесени во согласност со Законот за здравствена заштита.

„Идејата е тие семејства да бидат ослободени од сите трошоци за погребални услуги за умреното лице-дарител на органи и ткива. Сметам дека и ова е во насока на проширување на некои права или можности кои ќе доведат до зголемување на бројот на трансплантации, а со тоа и продолжување на животот на повеќе граѓани во Македонија“ –  изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

За живите дарители на органи и ткива се предлага целосно да бидат ослободени од плаќање партиципација за лекување и за лекови до крајот на животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1