Легендата на народната музика Харис Џиновиќ утре ќе ја официјализира својата долгогодишна врска со Мелина Галиќ. Тие двајца веќе имаат две деца ќерката Ѓина (11) и синот Кан (10).
Двојката 11 години живее заедно, во врска се вкупно 12 години, а веселбата ќе ја приредат на јахта во Дубровник. По венчавката, Харис и Мелина ќе заминат на меден месец во Малта. Одбрани дваесетина гости ќе бидат сместени во еден од најексклузивните хотели на Хрватското приморје.
Харис не сакал да открие кои ќе му бидат кумовите на свадбата, а еден од сватовите ќе биде и Рака Мариќ.