Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ и официјално се сопруг и сопруга. Заврши церемонијата на бајковитиот остров Свети Стефан во Црна Гора, каде парот се заколна на вечна љубов
На првиот ден од свадбената авантура била организирана интимна забава која траела до раните утрински часови. Се смета дека на свадбата присуствуваат околу 140 гости.
Ноле и Јелена ќе ја поминат својата прва брачна ноќ во луксузната и прочуена „Вила 118“, преименувана во „Вила Свети Стефан“, во која досега престојувале многу познати личности меѓу кои и Софија Лорен, Елизабет Тејлор, Силвестер Сталоне, Кирк Даглас и Клаудија Шифер.
Парот кој го очекува своето прво дете ќе се венча во црква на 12 јули, по завршувањето на петровденскиот пост.
Новак и Јелена беа во врска 8 години пред тој да ја побара за жена во септември минатата година. Во април Новак објави на социјалните мрежи дека со Јелена ќе станат родители.