Четири лица загинаа при уривањето на полицискиот хеликоптер доцна синоќа во близина на кванташкиот пазар во Струмица.
Полицијата потврди дека станува збор за нивен хеликоптер, како и за бројот на жртвите. Засега не се соопштуваат информации за причините за падот на леталото.
Детали ќе бидат соопштени денеска во 11 часот на прес-конференција.