Ова се имињата на загинатите во хеликоптерската несреќа кај Струмица


Драги Мицев, Маријан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички се четворицата загинати во трагичната хеликоптерска несреќа која синоќа се случи кај Струмица. Како што дознава Курир, сите четворица се со над 30 години стаж во МВР.

heli3Хеликоптерот кој синоќа се сруши во несреќата кај кванташкиот пазар во Струмица бил од типот МИ-17 и пренесувал припадници на граничната полиција.

Според очевидци, хеликоптерот доаѓал од правецот на Ново Село кон Струмица. На периферијата од градот леталото најверојатно удрило врз висок предавател по што се урнало. Остатоци од хеликоптерот се расфрлан во дијаметар од над 50 метри. Опашот од леталото е цел, но кабината е целосно уништена и изгорена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1