Група од околу 300 – 400 луѓе пред малку тргна од пред џамијата „Јаја Паша“, после пладневната молитва, кон Судска палата, на протестот против доживотните затворски казни изречени во случајот „Монструм“.
Поворката со транспаренти и извици „УЧК, УЧК…“ полека се движи кон Бит Пазар. Извикуваат„УЧК, УЧК“, „Етничка Албанија“, „Молчењето е предавство“.
Засега протестот се одвива мирно, а на потегот од Бит Пазар кон комплексот судски згради на крстосницата кај Универзитетска библиотека и „Мавровка“ се распореден голем број полициски припадници.