„Голема Албанија“, „Стоп окупатори“ извикуваат демонстрантите на Бит-пазар. Насобрана е голема група Албанци кои со пароли и фотографии се приближуваат кон судот.
Засега се протестира мирно. Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, Јмалари е во прв ред. Се скандира неговото име. Села им се обрати на насобраните. Се обрати и претседателот на дијаспората на Албанците во Лондон.
Група од триесетина луѓе не дозволува демонстрантите да се приближат до полицијата. Села ги натера присутните да клекнат.
Демонстрантите носат мапа со Македонија во пламен и извикуваат „ВМРО монструм“.