Според информациите на НоваТВ од терен, неколку камења биле фрлени кон полицијата и новинарските екипи. Тврд предмет ја погодил и репортерката на НоваТВ, Сашка Цветковска.
Според некои информации во моментот кога организаторите давале изјави снимател на ТВ Телма биле удрен со камера по глава откако други демонстранти ги турнаа новинарите.
Полицијата која беше поставена во кордон на семафорите кај ТЦ „ Мавровка“ не дозволија околу две илјади демонстранти да се приближат на Судската палата. Учесниците во протестите не се ни обидоа да го пробијат кордонот,а поголем дел од нив се разотидоа. По еден час протестот заврши и полицијата го пушти сообраќајот
Демонстрантите прочитаа проглас во кој се вели дека осудените за “Монструм” се невини. Од време на време има обиди од страна на демонстрантите да ја испровоцираат полицијата со фрлање на камења меѓутоа тие поедници организаторите ги ставаат под контрола и недозволуваат екалација.