Пилотите се жртвувале за да не се урнат во нечија куќа – одбрале да слетаат на темната ливада


Четворицата искусни пилоти на МВР кои загинаа во трагична несреќа завчеравечер во 22 часот ги жртвувале своите животи за да ја спасат Струмица од катастрофа кога решиле да слетаат на ливадата на која единствено имале место да атерираат без да ги загрозат околните објекти, пишува Дневник.

tragedija-500Весникот пишува дека во непосредна близина на местото каде што падна полицискиот „МИ17“ има неколку фабрики, а на сто метри има и бензинска пумпа, па во експлозијата на керозинот можело да се запалат и овие објекти при што би предизвикало пожар од катастрофални размери.

Експлозијата која одекнала завчеравечер во Струмица била стравотна. Чадот и мирисот на изгорен метал и пластика се чувствувал во градот уште долго време откако пожарот бил изгаснат. По еден часот на местото на несреќата дошла и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на БЈБ Митко Чавков.

Три возила на локалното погребно претпријатие околу 8 часот утрото ги преземаа телата на починатите. Неофицијално дознаваме дека тројца од загинатите биле испаднати од хеликоптерот, а четвртиот бил во кабината. Дека тука изгорел хеликоптер сведочи само опашката која останала цела и една од елисите која стрчи од остатоците на изгорената кабина.

Еден од очевидците на несреќата е Цветков Ѓорѓи, кој работи како чувар во ресторан во непосредна близина на местото каде што паднал хеликоптерот.

-Доаѓав со велосипед на работа и уште од мостот слушнав брчење на мотор на хеликоптер на кој не се гледаа никакви светла, а кој доаѓаше од правец на ресторанот. Звукот беше како да искашлува човек. Тоа траеше три до четири минути, а потоа се слушна силна експлозија кога падна леталото. Веднаш се издигна пламен висок и до 20 метри, а потоа одекнаа уште две помали експлозии, како од бомби – вели Ѓорѓи.

Очевидец бил и Kоле кој смета дека пилотот ја спасил Струмица бидејќи сакал да слета на место каде што не би загрозил никого.

-Секоја чест на човекот што го управуваше хеликоптерот. Гледаше да не направи голема беља, па слета тука и можеби немал друго решение и удрил во антената – вели Kоле, кој ја повикал полицијата.

Целиот текст прочитајте го на Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1