Трагедија: Го убил целото семејство на поранешната сопруга (ФОТО)


Триесет и три годишниот Рон Ли Хаскел е уапсен во Тексас, откако со огнено оружје го убил шест членото семејство на неговата поранешна сопруга.

Рон ги убил 34-годишната Кејти Стеј, нејзниниот сопруг 39-годишниот Стивен, нивните два синови на 4 и 14-годишна возраст и нивните двете ќерки на 7 и 9-годишна возраст пукајќи им во тилот.

semejstvo500

Единствениот преживеан член на семејството била нивната 15-годишна ќерка, која се здобила со тешки повреди на главата, но додека Рон пукал во неа паднала и се преправала дека е мртва се додека тој не заминал, по што веднаш повикала полиција.

Хаскел и неговата сега поранешна сопруга стапиле во брак во 2002 година, а се развеле во јуни 2013. Брачниот пар никогаш не се сложувал добро, а доказ за тоа е и неговото досие, во кое стои дека Рон неколкупати бил приведуван поради семејно насилство.

ubiec

По разводот Рон бил гневен на семејството на поранешната сопруга, а посебно на нејзината сестра која му помогнала да го напушти и да започне нов живот. Тој и се заканувал на Кејти, па полицијата неколкупати го приведувала додека се врткал околу нивната куќа.

За болната опсесија на Рон сведочи и неговата родена мајка која побарала да му забранат на нејзниниот син да и се доближува, бидејќи, како што раскажала пред судот, ја заврзал со леплива трака за столот и ја држел четири часа, одвреме на време давејќи ја, само затоа што дознал дека разговарала со неговата поранешна сопруга по телефон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1