Џејмс Бонд помогна за поплавите во Србија и Босна


pirs brosnan bond

Голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои Кетрин Зета Џонс и Пирс Броснан, глумецот во култниот серијал Џејмс Бонд, за неполни два часа собрале 90.000 долари за помош на настраданите од поплавите во мај во Србија и во БиХ.

Хуманитарната акција за собирање помош за балканските земји кои настрадаа од природната катастрофа била организирана од српската хуманитарна организација “Унитас фонд” кон крајот на минатиот месец.

Иницијатори на акцијата во Холивуд беа режисерот Гага Антониевиќ, неговата сопруга Кристина Есел, како и претседателката на јужнокалифорниското здружение на лидерите во филантропија, продуцентката Анџелика Влаисавлевиќ и бизнисменот Мо Стојновиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1