Се кладел на Германија – доби 105 000 евра


Ова е еден од најневеројатните примери на спортско обложување кој е забележан во Англија. Станува збор за обложувач кој направил таков тикет, што триумфот на Германија во Мундијалот му донесе речиси 105.000 евра.

Една од локалните обложувалници објави дека на вложени 100 фунти, засега неименуван играч ја заработил неверојатната сума, така што уште на почетокот на сезоната 2013/2014 се обложил дека:

tiket500

-Манчестер Сити ќе ја освои Премиер лигата

-Квинс Парк Ренџерс ќе влезе во Премиер лигата

-Вулвси да ја освојат „Лигата 1“

-Реал Мадрид да освои Лига на шампиони  и

…Германија да биде светски првак.

Квотата од 830 со уплатени 100 фунти му донела 83.252 фунти, односно заработка од околу 105.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1