Ни Грција не е веќе евтина – Поскапува летувањето – цените до плафон!


Грција летово бележи нов туристички рекорд. Сопствениците на хотелите се радуваат – и ги поскапуваат цените. На умереност предупредува и грчката влада.

na_plazza_grcija-500Бројките се: Во 2014 година Грција за прв пат очекува повеќе од 21 милиони гости, што е засега е пораст од 10 отсто, во споредба со рекордната 2013 година. Паралелно со тоа и заработувачката расте на најмалку 13 милијарди евра.

Овогодишната туристичка сезона ќе биде “појас за спасување на грчката економија“

Хотелиерите пак ја воочија можноста за брза заработувачка. Така цените за ноќевање во хотелите во јули се зголемиле за 13,5 отсто во споредба со минатата година.

Од Министерството за туризам на почетокот на овој месец предупредиле на опасноста од раст на хотелските цени, а според грчките медиуми лично и премиерот Андонис Самарас интервенирал кај Сојузот на туристичките работници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1