Туристи чувајте ги децата – Пред нејзини очи сакале да и го украдат детето на плажа во Хрватсла


Вистинска драма преживеала една мајка откако нејзиното дете се уште непозната жена се обидела да го киднапира од плажа во Омиш, Хрватска.

hrvatska dete ukradenoКако што јавува Јутарњи лист, во четвртокот, жената чиј идентитет не се открива заедно со својата пријателка и нивните две деца седнале на кафе во популарното кафуле на самата плажа во Омиш. Додека разговарале, двете деца си играле во песокот. Момчето имало 2 години, а девојчето било постаро.

Кога мајката на момчето станала по сладолед, девојчето дотрчало на масата и на својата мајка и рекло дека некој го зел двегодишното дете.

Двете жени во паника веднаш станале од масата. Здогледале жена, за која велат дека е странски државјанин, со истетовирани раце, како со детето се оддалечува кон паркингот.

Почнале да трчаат кон неа и успеале да ја стигнат пред да влезе во автомобилот во кој ја чекале уште три лица, една жена и двајца мажи. Веднаш и го грабнале детето од рацете, а таа само се насмевнала, влегла во автомобилот и заминала.

Мајките во шок, воопшто не ги запишале регистерските таблички, а за случајот не пријавиле ниту во полиција, но приказната стигнала до новинарите.

Кога новинарите ја контактирале полицијата, полицјаците предупредиле дека токму тоа е начинот на кој се крадат малолетни деца и апелирале до родителите да не ги оставаат децата сами ниту за миг.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1