И утре попладне пороен дожд и грмежи


Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

dozd cadorУВ-индексот ќе изнесува 7.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 32 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 29 степени.

Во летните туристички центри утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови во дојранскиот регион ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови можно да има локален пороен дожд со појава на грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во охридскиот регион највисоката температура ќе достигне до 26, а во дојранскиот до 30 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1