Кај основното училиште „Блаже Конески“ беше откорнато дрво, кое падна на улицата од силниот ветер.
Во населбата Аеродром се сруши и кров на објект. Голем број на улици се поплавени меѓу која и улицата „Даме Груев“ зад Собранието..Подвозникот на почетокот од Кисела Вода, кој води од населбата Црниче кон Центар, е непрооден од двете страни
Од Центарот за управување со кризи велат дека засега немаат пријави за настанати поголеми материјални штети како последица од невремето.
Според статусите на социјалните мрежи, ваква слика има низ повеќе населби, каде се откорнати дрвја.