ФОТО/Видео: Девојки уловиле риба вредна 1,4 милиони евра


Девојки од Велика Британија уловиле огромна туна со сина опашка додека веслале во кајак. Оваа риба е позната како Блуфин, тешка е над 150 килограми, а нејзината вредност се проценува на околу 1,4 милиони евра.

11500009706957

Петте другарки ја забележале џиновската риба како мртва плута по морето, па успеале да ја префрлат на својот кајак.

– Во почетокот не можев да верувам, изјавила Клер Валерстеин, волонтерка во здружението „Cornwall Wildfire Trust“. – Кога стасав на плажата, видов дека девојките држат нешто големо во рацете, но набрзо сфатив дека станува збор за туна, објаснува таа.

Иако е утврдено дека рибата е во совршена состојба и може да се јаде, девојките нема да добијат никаков паричен надомест, бидејќи овој вид, согласно стандардите на ЕУ, е заштитен и не може да се продава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1