Работникот не е роб – На Србите им дојде преку глава – штрајк против законот за работа


Водечките српски синдикати за денес најавија генерален штрајк на сите вработени во Србија, а нивното главно барање е од парламентарната процедура да се повлечат предложените измени и дополнувања на Законот за труд и на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

srbija-protest-strajk-radniciВодачите на штрајкот, Љубисав Орбовиќ и Бранислав Чанак, соопштија дека штрајкот ќе трае се до повлекувањето од процедува на посочените спорни закони. Во соопштението од синдикатите се наведува дека штрајкот подразбира престанување со работа и протестни собири на вработени со минимум извршување на работните обврски.

Според синдикатите, Владата на Србија предложените законски измени ги усвоила без почитување на законската процедура.
Министерот за труд и социјална политика, Александар Вулин, изјави дека синдикатите со најавата за штрајк покажуваат повеќе тврдоглавост отколку разум” и оцени дека треба да се постигне договор”.

Синдикалниот лидер Орбовиќ за денес најави протест пред Парламентот во Белград и најави дека ќе дојдат работници од цела Србија, како и дека заканите нема да ги исплашат. Воедно, се подготвува и собирање потписи за референдум за повлекување на законите, за што синдикалците очекуваат да соберат петпати повеќе потписи од неопходните 100 илјади.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1