Замина на 44 год, зад себе остави две ангелчиња – македонската сцена ја задолжи навек да го помни


Мислам дека работава ја зезна ваерлесот. Додека одеше жичано, некако одеа работите. Имаше повеќе смисол… Сега целиот ден е работно време”. 

Даниел Милошески ( 1970 година – 2014 година)

daniel44Го исполни сонот на многумина Македонци, Бугари, Срби, Хрвати… им овозможи да уживаат на концертите на музичките имиња кои им изгледале недостижни… Го изоде патот на кариерата онака како што е редот, од најдолното скалило, чекор по чекор. И веруваше дека има уште многу, дека е далеку  од некаков врв, дека има уште да се изоди… Но дали беше блиску до исполнување на сонот кој значи живот…

Дали имаше доволно време да се израдува на двете мали бисерчиња што ги остави зад себе, да ужива во животот онака како што заслужуваше. И самиот велеше – секој концерт, од најмалиот до најголемиот, ми е толку стресен, што немам време за уживање. Олеснување за мене доаѓа откако се ќе се заврши…

Замина на 44 години…Желбата да се има повеќе енергија, да се биде во топ-форма, подготвен за нови предизвици го чинеше скапо. Но секој збор е излишен. Остави многу работи за паметење. Многу спомени кај јавноста која ќе го спомнува уште долги години, Боб Дилан, Фери, Сантана, Ковердејл… тоа за него беше повеќе од задоволство, а за публиката нешто што не се заборава. Велат ќе тагува цела Македонија.

danielMilosevski-300x228Ќе тагува неговото семејство, ќе тагуваат неговите две ќерки, ќе жали неговата сопруга, ќе се лути на судбината неговиот брат Бобан со кого заедно работеа.  Публиката ќе жали по она што остана неисполнето, а Даниел можеше да го исполни.

Даниел кариерата во шоу бизнисот ја започна во родниот Гостивар, кога со брат му, во средината на деведесетите години го водеа летниот клуб Авалон.  Приказната за успехот на „Авалон продукција“ на Даниел и Бобан  започна во 1993 година, кога браќата го организираа својот прв голем концерт, а до крајот на 2013-та, бројот на концерти во нивната режија ја надмина бројката од 250.   Од 1999-та година, кога на музичкиот пазар се појави деби-албумот на Тоше Проески – „Некаде во ноќта“, до денес „Авалон“ имаат објавено 40-ина албуми на најголемите македонски музички ѕвезди, како и неколку лиценцни изданија од пејачи од поранешна Југославија. Дел од албумите кои ги објави „Авалон“ всушност се македонската музичка антологија.

daniel i biliМеѓу другото, во својата долга и плодна работа, „Авалон продукција“ едно време беше вткаена и во кариерите на Тоше Проески, Каролина Гочева, Ареа, Влатко Стефановски, „Нокаут“, Владо Јаневски, „Мизар“, Врчак, Ерзана, „Кисмет“, Златко Ориѓански… Исто така „Авалон продукција“ беше заслужна и за славеничката турнеја на „Леб и сол“, во чест на јубилејот – 30 години постоење.

Последниве десетина години основна ориентација на „Авалон“ беше букирање и организирање на концерти на светски музички артисти на целиот Балкан: Green Day, Faithless, The Prodigy, Pet Shop Boys, Simple Minds, Deep Purple, Whitesnake, Apocalyptica, Tiesto, Paul Oakenfold, Roger Sanchez, Bryan Ferry & Roxy Music, Pink, Placebo, Paul Van Dyk, Lenny Kravitz, James Blunt, Simply Red, David Byrne, Santana, George Benson, Bob Sinclar, Underworld, 50 Cent, Bob Dylan, Billy Idol, Vanesa Mae, Guano Apes, Hurts, Joe Cocker, Amy Winehouse, Moby, Judas Priest, Whitesnake, Jamiroquai, Ozzy Osbourne, Duran Duran, The Darkness…

Сите тие концерт ќе живеат за да го споменуваат, сите тие спомени на публиката ќе сведочат за неговото постоење!

Почивај во мир пријателе!

Извор:Република.мк

Даниел успеал сам да стаса до болница – но не можеле да го спасат

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1