Бугарија поставува бодликава ограда поради имигрантите


Бугарија постави ограда од бодликава жица на својата јужна граница за да го спечи приливот на илегални имигранти.

bodljikavazicagrckhaafpБодликавата жица долга 33 километри, а висока три метри завршена денеска, го намали бројот на илегални имигранти од 2.000 на 300 луѓе месечно.

Во Бугарија минатата година пристигнаа 11.600 бегалци, првенствено од Сирија, а бројот на баратели на азил десетпати се зголеми во споредба пред војната во Сирија.

Со бодликавата жица се обезбедува дел од границата со Турција долга 275 километри. Организациите за заштита на човековите права ја критикуваат Бугарија и другите земји-членки на Европската унија поради оневозможувањето на пристап до нивната територија на загрозените луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1