Десетици патници се повредени, од кои 10 потешко, кога рано утрово се преврте автобус кај селото Рударе кај Куршумлија, доаѓал од Љубљана кон Косово.
Автобусот сообраќал на меѓународната линија Салзбург – Приштина, утрово во 06:40 часот излетал од патот, во близина на Рударе кај Куршумлија, изјавија од Српското Министерството за внатрешни работи.
Во автобусот имало 49 патници, голем е бројот на повредените, од кои еден дел бил пренесен во болница во Прокупље, додека другите добиле медицинска помош во амбуланта во Куршумлија. 10 лица се потешко повредени, претрпеле контузии на главата, градите, рацете, нозете, но има пациенти со фрактури кои се упатени на понатамошен третман во Клиничкиот центар во Ниш.
РТС објави дека 32 лица беа повредени. Ниту еден од повредените патници не е во животна опасност.
Според неофицијалните информации, до превртување на автобусот кој потоа излетал од патот, најверојатно дошло поради тоа што возачот заспал.