Откри долго чувана тајна: Ме силуваше жена кога имав само 10 години


Ванеса Вилијамс одлучила отворено да проговори за тоа како сексуално била вознемирена кога имала само 10 години од осум години постара девојка. Како што вели, таа тогаш била на одмор кај семејни пријатели и смета дека никој толку млад не би требало да стане свесен за својата сексуалност.

vanesa vilijams– Бев со семејството на одмор кај наши пријатели. Тие имаа постара ќерка… беше една од тогашните „кул“ девојки, покрај неа се чувствував како да сум пораснала – раскажала Вилијамс.

Меѓутоа, Ванеса (51), значајно го променила мислењето за оваа девојка кога една ноќ таа ѝ влегла во собата.

– Ми рече да легнам на подот, ми ги соблече гаќичките и ми рече да бидам тивка. Потоа орално ме задоволуваше. Кога имате десет години, не знаете што ви се случува, но чувствувате дека ви годи. Сепак, тоа не е нешто што би требало да ви се случува во тие години – смета Ванеса.

Некогашната мис на Америка вели дека оваа тајна сакала да им ја открие на родителите, но никогаш немала шанса тоа да го направи.

– Се вративме од одмор и татко му дозна дека брат му починал. Не можев тогаш ништо да кажам. Со време го потиснав сеќавањето на ова, но секогаш се срамев за тоа. Тоа не би требало да ви се случи на 10 години… би сакала да имав прилика тоа првпат да го доживеам со некое момче во тинејџерските денови. Овој настан од мене направи промискуитетна личност и бев пољубопитна кога беше во прашање сексот многу порано од моите врсници – рекла Ванеса.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1