МВР влезе во скопска Гази Баба. Познати улични дилери на дрога завршија во притвор. При претрест на нивниот дом полицијата пронашла и одзела 50 грама хероин и 375 грама смеса од парацетамол и кофеин со која приведените го мешале херионот. Двајцата скопјани на 32 и 52 годишна возраст за полицијата се познати деликвенти.
Против двајцата пријавени, покрај тоа што се уживатели на наркотична дрога-хероин, во перодот 1996-2009 година се поднесени кривични пријави за дела проследени со насилство, посредување во вршење проституција и имотни деликти.
Во друг случај при претрес на возило утрово околу 1 часот полицијата запленила 2 килограми марихуана. По откривањето на дрогата 62 годишниот жител на Дебар се обидел да и избега на полицијата.
По откривањето на дрогата Н.В. го стартувал возилото и се дал во бегство но набргу е пронајден и приведен.
Само минатата година полицијата поднела 555 пријави против 668 лица за неовластено производство и тргување со наркотици. Во рацето на мвр лани завршиле 500 кила дрога, најголем дел марихуана.