Непознати лица во Боливија го ликвидирале еден од најголемите српски наркобосови, Горан Поповиќ, кој е поранешниот Црни на Црвените беретки и тигрите на Аркан. Тој бил застрела со три куршуми во главата, јави blic.rs.
Убијците му пришле додека пиел кафе во Санта Круз. Горан Поповиќ, кој во минатото беше сметан за близок и до Милчо Бонев – Бај Миле, се сметаше за десна рака на Жељко Ражњатовиќ – Аркан. По операцијата “Сабја” во Србија тој избега во Боливија и се трагаше со црвената потерница на Интерпол.
За време на убиството се пронајдени документи на името на David Eterovic Melgar. Полицијата во Боливија сепак е сигурна дека се работи за српскиот државјанин Горан Поповиќ.
Горан Поповиќ е третата жртва мафијашки убиства во Боливија во последната недела. Според локалните медиуми, бандитски војна почнале поради заплена на три тони кокаин во Чиле во вредност на 60 милиони долари. Дрогата била испратена од Боливија.
Горан Поповиќ бил познат уште под псевдонимот Гоксан. Пред да избега во Боливија, тој беше еден од луѓето задолжени за трговијата со хероин на Балканот. Токму покрај овие контакти тој се поврзува со бугаринот Милчо Бонев – Бај Миле, кој, пак, беше меѓу најблиските пријатели на Жељко Ражњатовиќ – Аркан.
.