Ескалира состојбата во Газа, расте бројот на жртви!


Советот за безбедност на Обединетите нации, по иницијатива на Јордан доцна синоќа  одржа итен состанок зад затворени врати поради ескалацијата на состојбата во појасот Газа. Итен прекин на огнот и на крвопролевањето се заклучоците од средбата.

Генералниот секретар Бан Ки Мун ја опиша состојбата  како „крвава акција“. Израел мора да покаже максимална воздржаност и да направи многу повеќе за заштита на цивилите, изјави Ки Мун, додавајќи дека секоја држава мора да го почитува хуманитарното право.

„Има многу загинати,  десетици илјади се раселени, тие живеат во училиштата. Болниците се преполни со повредени. Немаме доволно лекови и опрема да им помогнеме на луѓето. Ова мора да запре веднаш. Сите кои ги напаравија овие злодела мора да се соочат со казна“, изјави Ријад Мансур, палестински амбасадор во ОН.

PALESTINIAN-ISRAEL-GAZA-CONFLICTВо меѓувреме продолжуваат жестоките напади на Израелската војска. Во утринските операции загинале 9 Палестинци, членови на едно семејство, меѓу нив имало и деца. Според медиумите од почетокот на акцијата животот го загубиле повеќе од 500 Палестинци, но бројот на загинати и повредени постојано расте.

„Немаме доволно операциони сали за да им пружиме помош на оние на кои им е потребна. Има многу пациенти, овде е навистина хаос“, вели Соби Скаик, доктор.

Состојбата е крајно тензична. Луѓето масовно се иселуваат од безбедносни причини. Американскиот државен секретар Џон Кери ќе го посети Египет, каде треба да разговора со државниот врв околу еслалацијата на состојбата во Газа.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1