Полјак (32), синоќа со „хонда“ влетал во маса луѓе кои биле на пристаништето Сопот на Балтикот, повредувајќи 22 лица, од кои три тешко.
Автомобилот влетал во луѓето, кои присуствувале на проекција на филм. Возачот, на половина од патот се свртел со автомобилот, ја изгубил контролата над возилото и удрил во дрво.
Полјакот се обидел да избега, но присутните луѓе го фатиле и се обиделе да му пресудат за неговото однесување, но, сепак, го предале на полицијата.
„Возачот не бил пијан, но се` укажува дека бил дрогиран“ – изјавил портпаролот на полицијата Карина Каминјска.