Денеска на седницата Владата ги усвои законските измени кои се однесуваат на правата на работниците. Имено со нив се предвидува работниците да можат да го продолжат работниот однос по навршување на старосната граница од 64 односно 62 години, за максимум три години.
Како што информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција, со новите измени мажите ќе можат да одлучат дали ќе одат во пензија на 64, 65, 66 или 67 години старост, додека жените ќе можат да изберат дали да одат во пензија на 62, 63, 64 или 65 годишна возраст, и самиот работник до 31 август во тековната година ќе треба да се изјасни дали го продолжува работниот век за наредната година..
Владата на денешната седница донесе измени со кои за работниците кои работат со договор на дело или авторски договор работодавачот ќе мора да плаќа придонеси за пензиско и здравствено осигурување доколку тие остваруваат примања поголеми од минималната плата.
Според него сите граѓани ќе бидат задоволни со оваа одлука и од законските измени, наведувајќи дека сите европски држави ја зголемиле старосната граница за пензионирање и тоа е задолжително додека кај нас им се овозможува на работниците сами да одберат уште колку години ќе работат.