Астролог го предвидел падот на малезискиот авион! Еве што друго кажал!


Најпознатиот руски астролог Павел Глоба ги предвидел авионските несреќи кои се случуваат деновиве. Тој уште од 2009. година рекол дека 2014. ќе биде година на зголемен ризик, и предупреди на авионските летови.maxresdefault

Инаку, Глоба прв пат ги обзнани своите претскажувања на почетокот на 80-тите години од минатиот век, кога најавил дека „СССР наскоро ќе се распадне и дека во летото 1991. на улиците на Москва ќе има тенкови“. Според неговите зборови, околу 85 отсто од неговите предвидувања се исполниле.

Еве што уште кажал тогаш:

Украина ќе се распадне на три дела 2014. година.

Економската криза, која ќе продолжи до 2020. година, ќе ја прекрои политичката карта на светот. САД ги чекаат тешки времиња, а Украина и Европската унија ќе престанат да постојат.

– За доларот наредните две години ќе бидат многу тешки, иако колапс на американската валута се уште нема да се случи. Најтешкото време за доларот настапува 2017-2018. Доларот целосно ќе девалвира, банкноти ќе се лепат преку ѕидовите од тоалетите. Во таа смисла, еврото е посилна валута, рекол тогаш Глоба.

Наместо Европска унија ќе се појават неколку сојузи. Скандинавските земји ќе формираат Северен сојуз, а Франција, Италија и Шпанија ќе се соединат во Јужноевропски сојуз. Европската унија можеби ќе опстане како формација, но само на хартија.

Блокот на НАТО прво малку ќе зајакне, а потоа ќе престане да постои.

До крајот на 2020. година сите држави ќе преживеат тешки времиња, но на крајот од тешките години Русија ќе стане моќна империја и нов светски лидер.

На крајот на 2020. година целото човештво конечно ќе се збогува со кризата, која ќе биде наречена „Долга голема депресија“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1