10/11/2026 09:00
•
Posted by: MK News
Постојат малку јавно достапни информации за Алис Хуанг – жената која, наводно развила однос со лидерот на „Nvidia“, Џенсен Хуанг Американските власти дошле до заклучок дека таа, всушност, била и шпион на Пекинг, која одржувала љубовна врска со Џенсен Хуанг, извршниот директор на „Nvidia“ – компанија за чипови која е клучна за американските амбиции да […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2026 11:01
•
Posted by: MK News
Од 1 декември започнува примената на нови правила за одобрување боледување, со кои се скратува периодот во кој матичниот лекар може да одобри отсуство без дополнителни дијагностички критериуми. Наместо досегашните седум, тој период ќе изнесува пет дена, а за продолжување ќе бидат потребни дополнителни испитувања или специјалистички прегледи, во зависност од здравствената состојба на пациентот. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/11/2026 11:44
•
Posted by: MK News
Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија денеска во прво читање расправаа и ги проследија во натамошна расправа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Со нив се предлага воспоставување три вида на портфолија: растечко, балансирано […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2026 11:30
•
Posted by: MK News
Одземањето на дозволата за работа на „Алта банка“ Белград отвора прашања за иднината на нејзината македонска банка, АЛТА банка АД Битола, поранешна Стопанска банка Битола, во која белградската банка е доминантен сопственик. Иако двете банки се одделни правни лица и се под надзор на различни централни банки, случувањата во Србија ја отвораат дилемата за финансиската […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2026 12:02
•
Posted by: MK News
Еден тон пилешки желудници се запленети и уништени при вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Станува збор за производ чиј увоз и употреба во производството на храна за луѓе се забранети уште во јули 2024 година. Инспекторите заплениле и уништиле и 55 килограми месни подготовки […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2026 10:37
•
Posted by: MK News
Податоците на Државниот завод за статистика за првите три месеци од 2026 година покажуваат дека 93,7 проценти од населението на возраст од 15 до 74 години користело интернет, а 81,2 процент купувале стоки или услуги онлајн во последните 12 месеци. Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7 проценти од населението во земјава на возраст од […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2026 19:11
•
Posted by: MK News
Камен-темелникот на националниот центар за податоци би можел да биде поставен во 2027 година, а локацијата за неговата изградба веќе е избрана, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Државата сè уште бара меѓународен финансиер и работи на урбанистичката документација, додека неодамнешната поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“ покажа колку се ранливи постојните државни […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2026 18:51
•
Posted by: MK News
Предложените измени на правилата за боледување не го скратуваат правото на боледување, туку предвидуваат медицинските критериуми за продолжување да почнат да се применуваат по петтиот наместо по седмиот ден, вели директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински. Во интервју за „Република“, Перински појаснува дека петтиот ден не претставува максимално времетраење на боледувањето, туку момент […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2026 12:53
•
Posted by: MK News
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на следните делови од Скопје: Кисела вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Во моментот регистрирани се 26 случаи од страна на ИЈЗ, а за 24 се потврдени дека се носители […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2026 19:50
•
Posted by: MK News
Новиот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Златко Перински, најави засилени контроли на лекувањата во странство, боледувањата подолги од 30 дена и трошоците за ортопедски помагала. Според него, токму овие три области со години се посочуваат како најпроблематични во ревизорските извештаи. Перински, кој ја презеде функцијата на 13 јули, на денешниот брифинг со новинарите […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2026 09:56
•
Posted by: MK News
Во медиумите беше споделена информација за мобинг и вршење притисоци врз бремена работничка со цел таа да си даде отказ и ги загуби работничките права стекнати со бременоста. Два дена откако дознале дека вработената е бремена, сопствениците почнале да ѝ поднесуваат дисциплински опомени со притисок за отказ, таа се разболела од стрес и ги пријавила […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2026 16:06
•
Posted by: MK News
Локалните самоуправи низ државата отворија рокови за пријавување штети од неодамнешните временски непогоди, повикувајќи ги граѓаните и компаниите навремено да поднесат барања за обештетување. Во струмичкиот регион, жителите на Струмица, Ново Село, Босилово, Василево и Радовиш кои претрпеле штети од силниот ветер на 20 и 21 јули, можат да аплицираат во своите општини. Рокот за […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2026 10:05
•
Posted by: MK News
Силното невреме што го зафати Скопје на 21. јули донесе ветришта со брзина од 130 километри на час, предизвикувајќи уривање на стотици дрвја, особено во Градскиот Парк, населбите Карпош и Аеродром, како и на гробиштата „Бутел“. Првичните пријави од МВР за 189 паднати стебла брзо беа надминати со многукратно поголеми проценки на терен. Екипите на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2026 17:04
•
Posted by: MK News
Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде заокружен процесот за избор на локација за новиот клинички центар, по што ќе може да започне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција. Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2026 11:25
•
Posted by: MK News
Европскиот Парламент ги изгласа новите европски права на патниците во воздушниот сообраќај. Големо мнозинство од 646 европратеници гласаа за реформата. Родителите во иднина ќе можат бесплатно да резервираат седиште до своите деца. Нискобуџетните авиокомпании досега делумно наплатуваа дополнителни такси за тоа, поради што веќе беа под лупа на надлежните органи. Правилата во врска со надоместокот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/06/2026 13:15
•
Posted by: MK News
Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи. Срцето не застана. Само продолжи да бие, во градите на некој друг“, пишува во емотивната објава на Фејсбук. На Клиниката во Скопје е направена трансплантација на срце, а го доби 52-годишен пациент, по 4 години чекање. Од Министерството за здравство, кое ја објави убавата […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2026 14:05
•
Posted by: MK News
Бурни реакции кај сточарите предизвика веста на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај десет млекарници се утврдени неправилности во однос на квалитетот и означувањето на млечните производи што се продаваат во маркетите. Сточарите уште пред три месеци кога министерот Цветан Трипуновски беше во Битола му кажаа дека наместо млеко граѓаните пијат „хемија“. Сега заради […]
______________________________________________________________________________________________________
30/04/2026 20:07
•
Posted by: MK News
Целосната имплементација на системот со биометриска контрола на патниците, создаде проблеми и редици и на граничниот премин Евзони-Богородица за влез во Грција, а пред две седмици реагираа и од Унијата на полицајци од Килкис, кои преку соопштение рекоа дека е „срамно и неприфатливо она што се случува на граничните премини поради ЕЕ системот“. Новиот систем […]
______________________________________________________________________________________________________