Повредените 39, 51 и 59-годишна возраст, во фабриката во Сопиште се уште во животна опасност


Трите тешко повредени лица во вчерашната несреќа во фабриката за пиротехнички средства во Сопиште се уште се во животозагрозувачка состојба, информираше министерот за здравство Никола Тодоров.

– Сите тројца пациенти се уште се во животозагрозувачка состојба на респиратор и ја примаат неопходната терапија за ваков вид случаи како што се инфузии, хидрирање, обезбедување доволно течност што е основно за да се одржат во живот, изјави денеска Тодоров.

kliniki- brza pomos urgentenДвајцата пациенти кои синоќа се донесени во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ се со многу тешки и длабоки изгореници од трет степен и се во животозагрозувачка состојба. Со изгореници е зафатена голема површина од телото и дишните патишта заради што веднаш се ставени и дишат на респиратор.

Лекарите прават максимални напори за одржување на нивните витални функции.

Жената која што е однесена на КАРИЛ е во многу тешка животозагрозувачка состојба со изгореници од четврти степен. Се врши постојан мониторинг на здравствената состојба на пациентката и се прават напори за одржување на виталните функции зашто е зафатена голема површина на телата, вклучувајќи ги и дишните патишта и други внатрешни органи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1