Тодоров поднесува кривична поради бактеријата листерија


Министерот за здравство, Никола Тодоров, ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител поради четирите жртви од бактеријата листерија.

Министерот истакна дека резултатите од првично земените мостри се негативни на оваа бактерија.

todorovИспитани се млечни производи, производи за бебиња и некои сувомесни производи.

-Не сум задоволен од резултатите кои се негативни и иако министерството за здравство не е директно надлежно за ова, ќе поднесам кривична пријава против непознат сторител и бараме детално да се испита случајот кој пуштил вакви производи во промет, како и детално да се анализираат сите аспекти за да се спречи евентуално нови жртви, истакна Тодоров.

Тој додаде дека можно е да има пропуст и да е пуштен во промет производ со листерија, но за земените над 300 мостри потребно е дополнително време за детална анализа.

-Наредив од сите продавници од местата каде живеат заболените да се земат мостри за испитување и подигнати се 47, а денес наредив да бидат земени брисеви и од машините на производствените капацитети, а не само од производите, додаде тој.

Министерот за здравство потенцираше дека доколку има позитивна мостра, името на производителот ќе биде објавено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1