Далибор беше чирак во фабриката, тукушто го оженивме, а сега животот му виси на конец


Во екплозијата во фабриката за пиротехника во скопско Сопиште, со тешки изгореници се здобија 27-годишниот Далибор, кој неодамна се оженил, како и 59-годишниот Живко и 51-годишната Злата, сите од Скопје.

Во фабриката Далибор и постариот Живко работеле како бравари, додека Злата С. била хемичарка.

fabrika sopisteМожна причина за експлозијата е искрење на предмет што го внел некој од вработените, а не смеел да го внесе. Најверојатно станува збор за запалка, но ова се уште не е потврдено. Искрите од предметот ги запалиле ватите на кои имало барут. Тие почнале да горат и да пуштаат чад, но и да развиваат огромна температура поради што не дошло до појава на пожар, туку на експлозија. Тоа што е карактеристично за случајот е што повредени се само вработените, а штета поголема во фабриката нема.

– Сè уште сме во шок. Нашиот син е тешко повреден во експлозијата во фабриката во Сопиште и се молиме да преживее. Лекарите ни велат дека следните 48 часа се критични. Ни останува да чекаме и да се надеваме, но тој е силен и мора да успее. Со овие зборови и со солзи во очите вчера не дочека Никола K., татко на Далибор K. (27), еден од тројцата тешко повредени работници во експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште, која се случи завчера, пишува денешен Дневник.

Вчера го посетивме домот на Далибор во скопската населба Припор. Во куќата доаѓаа роднини и соседи, кои чуле за несреќата и се интересираа за состојбата на момчето. Таткото се пожали дека сопствениците на фабриката не ги посетиле повредените.

– Никој не дошол да ги посети повредените, ниту да ги посети родителите на повредените. Можеби ќе дојдат подоцна, но тоа досега требаше да го сторат. Далибор во фабриката работеше од октомври и с` уште беше чирак – вели таткото.

Мајката на Далибор не можеше да се воздржи и постојано плачеше.

pozar sopiste– Пред неколку месеци правевме свадба, го оженивме Далибор. На празников му се молам на свети Арангел да ни помогне и да се спаси нашето дете – плачејќи вели мајката на Далибор.

Завчера попладнето Далибор и неговите колеги Живко А.(59), Горан Ј. (39) и Злата С. (51) биле на работа во фабриката за пиротехника „Ицемак,сопственост на двајца скопски бизнисмени.

Вработената хемичарка и браварите дента биле во погонот со површина од 20 до 30 метри квадратни метри каде што работеле калапирање гази. Во еден момент дошло до искрење на некоја од газите, по што настанала експлозија и пожар. Вработената Злата, која работела како хемичарка, и нејзините колеги Далибор и Живко, кои биле бравари, односно работеле на дребонг, добиле тешки повреди. Во експлозијата полесно бил повреден Горан.

Истрагата на Трудовиот инспекторат треба да утврди дали работниците носеле соодветна заштитна опрема при работата. Според првичните информации на истрагата, причина за експлозијата не била ниту инсталацијата во фабриката ниту опремата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1