Познатиот руски астролог Павел Глоб пред три години имал излагање кое некои го толкуваат како предвидување дека во 2014 ќе започне Трета светска војна.
Станува збор за обраќање на Глоб на Конференција на астролози, шамани и парапсихолози одржана на 25 март 2011 година во Москва.
Сега многумина неговите „предвидувања“ ги поврзуваат со актуелните случувања, стравувајќи дека кризата во Украина би можел да предизвика Трета светска војна, доколку во конфликтот се вмешаат меѓународната заедница и големите светски сили како САД и Велика Британија.
Некои „толкувачи на предвидувањата“ на Глоб пак сметаат дака тој ги предвидел и трите авионски несреќи кои се случија изминативе десетина дена.
– Оваа (2014) година во светот ќе се случат војни, но се ќе биде в ред во нашата земја, освен во текот на летото. Летото ќе биде тешко. Ќе имаме три затемнувања во јуни и јули. Вкупно шест во текот на годината. Ваква катастрофална година имавме и кога се распадна Советксиот сојуз, вели Глоб во „предвидувањето“.