Градоначалникот на Охрид нема да коментира навредливи соопштенија


Кабинетот на градоначалникот Никола Бакрачески ја информира јавноста дека како прв човек на институцијата која ја води ќе го задржи нивото и нема да одговара и да ги коментира ставовите изнесени во соопштението кое до јавноста го испрати ВМРО НП, а кое, како што стои во реакцијата, изобилува со обиди за омаловажување на градоначалникот и е под нивото на елементарна културна комуникација во јавноста.

bakraceski ohrid-Луѓето од ВМРО НП преку соопштението поставуваат прашања на кои целата јавност го знае одговорот, а констатациите изнесени за градоначалникот Никола Бакрачески говорат само за неадекватниот и под секое ниво приод во комуницирањето на прес службата или поединец кој ги пишува овие соопштенија, во кои е очигледен личен анимузитет кон градоначалникот на Охрид, за кој институцијата нема намера да полемизира во јавноста.-се вели во соопштението од Кабинетот на градоначалникот Никола Бакрачески.

OhridNews

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1