Пари или ќе ја мачиме – Се јавија киднаперите на Тијана (ФОТО)


Минатата ноќ на социјалната мрежа Фејсбук е направена група „Тијана Јуриќ-Како да се дојде до неа?“.

-Сакаме во замена за Тијана Јуриќ еден милион динари, таа моментално се наоѓа на безбедно место, ако во рок од 7 дена не ги добиеме парите, полека ќе почнеме да ја мачиме. Парите треба да бидат уплатени преку на следнава жиро сметка: 160-335001-90. Очекувајте нови слики од лице место, Вашите киднапери- пишуваа на оваа страница.

tijana-juric fejs poruka

Под ова е напишан текст на унгарски, англиски, албански и француски јазик.

За сега не е познато дали се работи за невкусна шега, а полицијата наводно е известена за ова и се чека нејзината реакција.

Со пребарувањето на жиро сметката, како што пишуваат српските медиуми, се доаѓа до податок дека нејзиниот сопственик е приватен претприемач од Сјеница, Нермин Ф., кој во своја сопственост има киоск за скара.

ОБНОВЕНО:

Основачите на контроверзната страница на социјалната мрежа Фејсбук Тијана Јуриќ- Како да се дојде до неаа,  поставиле известување дека тоа го направиле за да привлечат внимание на јавноста поради потрагата по исчезнатото девојче. Но, по неколку минути целата страница е избришана. Како што објави српскиот Телеграф, полицијата трага по лицата кои ја поставиле оваа страница, а според оперативните податоци од терен, во прашање е бизарна шега.

Претходно киднаперите напишале “Се извинуваме поради непријатностите. Само сакавме да привлечеме внимание на јавноста. Со цело срце сме со Тијана Јуриќ”.

tijana-juric-3-500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1