„Бидејќи не се врати од роденденот, син ми и јас почнавме да ја бараме. Го пријавивме нејзиното исчезнување во полиција, а тие тргнаа во потрага. Сите ја бараат: моите пријатели, нејзините другари од училиште, нејзиното момче. Откако исчезна со неа немаме никаква комуникација, затоа што нејзиниот мобилен телефон е исклучен. Доколку дознаете нешто за неа, ако имате било каква информација – ве молам да ми се јавите“, вели мајката на Катарина, Снежана.
Катарина учи во средно училиште во Пожаревац. Со мајка и и брат и живеат во Кула кај Пожаревац.