Исчезна уште едно девојче од Србија – заминала на роденден и не се вратила


Катарина Зариќ (16) од Кула во саботата околу 18 часот отишла на роденден во Костолац, но никогаш не се вратила. Полицијата е алармирана, а по неа секојдневно трагаат нејзините мајка и брат.

„Бидејќи не се врати од роденденот, син ми и јас почнавме да ја бараме. Го пријавивме нејзиното исчезнување во полиција, а тие тргнаа во потрага. Сите ја бараат: моите пријатели, нејзините другари од училиште, нејзиното момче. Откако исчезна со неа немаме никаква комуникација, затоа што нејзиниот мобилен телефон е исклучен. Доколку дознаете нешто за неа, ако имате било каква информација – ве молам да ми се јавите“, вели мајката на Катарина, Снежана.

Катарина учи во средно училиште во Пожаревац. Со мајка и и брат и живеат во Кула кај Пожаревац.

katarina

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1