МВР призна – Бомбата била на полицаец ама незнаел како му ја украле од панцирот?!


Интегрален текст од соопштението на МВР

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди ја комплетираше интерната истрага околу нарушувањата на ЈРМ и полициската интервенција при фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Пелистер и ФК Вардар на Градскиот стадион во Битола.

komiti bomba2Проверките се извршени со увид во службените материјали изготвени за настанот, како и со службени разговори со повеќе полициски службеници одговорни околу обезбедувањето на ЈРМ на натпреварот.

Од извршените е констатирано дека СВР Битола ги презел потребните мерки и активности околу организацијата и планирањето на вонредното, оперативно, сообраќајно и физичко обезбедување на фудбалски натпревар, како и при воспоставувањето на нарушениот ЈРМ, така што не се утврдени случаи на пречекорување на полициски овластувања.

komiti bomba3Полициските овластувања се применети пред самиот крај на мечот, кога поголема група од гостинските навивачи одбиле да го напуштат стадионот и безбедно да се упатат кон автобусите со кои допатувале, пружајќи активен отпор со туркање и удирање со нозе и раце по штитовите на униформираните полициски службеници.

Во така настанатата ситуација на потиснување на навивачите, во еден момент, еден од навивачите активирало експлозивна направа. Таканаречената Шок бомба се претпоставува дека навивачот или ја истргнал од униформиран припадник на посебната единица или во гужвата која настанала со меѓусебното потиснување, таа неактивирана испаднала, по што ја зел и набргу потоа ја активирал.

Од увидот во службените материјали изготвени во однос на настанот е утврдено дека на 31.07.2014 од Фудбалската федерација на РМ, до СВР Битола било доставено известување за одигрување на првенствен фудбалски натпревар помеѓу екипите на Пелистер и Вардар,натпревар кој бил прогласен од висок ризик со цел да бидат превземени мерки согласно Законот за спречување на насилство на спортски натпревари. Такво известување било доставено на 01.08.2014 и од ФК Пелистер,како и известување од Агенцијата за обезбедување “Перпетуум Мобиле” дека истите со 13 вработени биле ангажирани во обезбедување на споменатиот натпревар.

rasparcena raka komitaСВР Битола ги започнал потребните проверки околу добивање на сознанија за определување на безбедносната проценка со цел за изготвување на План за вонредно оперативно,сообраќајно и физичко обезбедување на настанот, па во таа смисла бил одржан состанок со управата на ФК Пелистерр на кој се дискурирало за мерките и активностите што требало да ги преземе управата на клубот околу заедничко и координирано настапување за време на натпреварот.

Исто така биле испратени телеграми до Секторите за внатрешни работи за да бидат извршени проверки во однос на колкав број, кога и со какви превозни сретства ќе патуваат навивачките групи Комитиина натпреварот во Битола. Откако биле извршени потребните проверки,изготвен е План за оперативно, сообраќајно и физичко обезбедување на натпреварот со кој биле предвидени мерките и активностите што требало да ги преземаат полициските службеници што ќе бидат вклучени во обезбедувањето.

Навивачката група Комитиишто патувала од Скопје, пристигнала со задоцнување од околу 10 минути, односно десетина минути по започнување на натпреварот и истите во вкупна бројка од околу 350, биле сместени на северната трибина, каде што за обезбедување биле предвидени полициски службеници од ПЕП на СВР Битола, и од ЕБР.

Десетина минути пред завршување на натпреварот била издадена усна наредба за празнење на трибината бидејќи постоела опасност да дојде до физички контакт со навивачката група Чкембарии кои се подготвувале да ја прескокнат оградата и да појдат на северната трибина. Кон потиснување на навивачите Комити се пристапило од причина што една група од околу 50 навивачи не сакала доброволно да го напушти стадионот.

povreden komita2Во еден момент дошло до посериозен притисок од страна на навивачите Комити кон полициските службеници при што бил забележан еден навивач како во раката држи експлозивна направа по што било упатено предупредување за внимателност. По кратко време се слушнала и силна детонација од експлозивна направа која предизвикала поголем метеж и турканица. Од навивачката група Комити со повреди се стекнале осум лица од кои едно лице со тешки повреди, а седум со телесни повреди и истите биле пренесени во Клиничка болница, додека останатите навивачи во придружба од униформирани полициски службеници се спроведени до автобусите од каде се упатиле за Скопје.

Повредените лица биле пренесени во Клиничка болница-Битола каде им била укажана лекарска помош,а тешко повредениот е препратен на лекување во Скопје. За време на извршување на полициски работи биле повредени и четворица униформирани полицски службеници.

Од страна на СВР Битола преземени биле потребните мерки и активности и во консултација со ЈО биле констатирани шест кривично правни настани.

povreden komitaВо однос на настанот околу активирањето на експлозивната направа биле извршени проверки на видео записот од ОКТ од СВР Битола на кој се гледа лице кое подолго време во десната рака држи бомба, што укажува на тоа дека истата претходно не била активирана, туку тоа било сторено од лицето со што е предизвикана општа опасност.

Полицискиот службеник чија била бомбата во службена белешка навел дека забележал дека му ја нема бомбата која ја имал закачено на горниот дел од панцирот од десната страна, но не можел да прецизира дали му испаднала или некој од навивачите му ја извадил.

Во прилог е обезбеден уште еден видео запис од ТВ Тера објавен и на интернет страната на навивачката група комити. На видеото јасно се гледа дека дека навивачот повеќе пати замавнува со истата кон полицијата, односно дека ја држи подолго од три секунди, што укажува на фактот дека истата претходно не била активирана, туку дека тоа било сторено од негова страна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1