Каде отидоа радиоактивните автомобили озрачени од Фукушима?


Како последица од нуклеарната катастрофа што пред три години се случи во Јапонија, останаа и голем број на радиоактивни автомобили распространети насекаде по Централна Азија.

Дебатите за долгорочните последици од нуклеарната катастрофа во Фукушима од 2011-та година не беа само зборови во празно. Три години по земјотресот и цунамито кои предизвикаа топење на нуклеарните реактори во јапонската централа, во Централна Азија се појавија голем број на радиоактивни автомобили.

Napustena-kola-1

На пример, доколку сакате да купите автомобил во Киргистан, добро би било со себе да понесете и Гајгеров бројач. Во Бишкек, главниот град на оваа земја, се пронајдени 70 автомобили со прекумерно ниво на радијација. Точните резултати од мерењето не се објавени бидејќи зрачењето варира од возило до возило.

Најголем проблем прават трговците со половни автомобили кои на секој можен начин се обидуваат во земјата да внесат јапонски возила, притоа избегнувајќи ги стандардните контроли.

Ова не е единствениот случај, бидејќи во јануари во Владивосток беа откриени дури 132 радиоактивни автомобили.

Коли.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1