Куче му ги одгризало гениталиите додека се обидувал да го спречи нападот врз ќерка му!


Кучето му ги одгризало гениталиите кога тој се обидел да го спречи нападот врз неговата мала ќеркичка.  Човекот се обидувал да ја спаси својата осумгодишна ќерка додека кучето брутално и го гризало лицето.

Ститчес му го пробил образот на девојчето, пред да ги заклешти своите вилици околу препоните на нејзиниот 35-годишен татко, пренесува Sky News.

stitches-pitbull-ripped-off-genitals-of-ownerЧовекот од Мексико веднаш бил префрлен во болница каде што бил третиран за “делумно одвојување на гениталиите” и “сериозни рани од растргнување”. Девојчето било третирано на самото место на настанот.

Потпаролот на Албакерки, Симон Дробик изјавил:

“Кога пристигнавме на местото на настанот човекот беше цел облиен во крв и се држеше за гениталиите. Беше навистина лошо.”

Семејството изјавило дека тие само што се преселиле во куќата три дена пред нападот откако ја наследиле од дедото кој неодамна починал.

Тие исто така го наследиле и кучето Ститчес кој бил отстранет од имотот после нападот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1