Над 100 Македонци го тужат Фејсбук


Кон глобалната тужба против социјалната мрежа„Фејсбук“ поради кршење на европските закони за заштита на податоците, досега се приклучиле 112 Македонци.

Оваа бројка ја потврдиле и од Europe-v-facebook, организација на австрискиот активист за право на приватност Макс Шремс, кој покрена групна тужба пред Трговскиот суд во Виена.

To match feature: INTERNET-SOCIALMEDIA/PRIVACYКон судскиот процес против „Фејсбук“ може да се приклучат корисници насоцијалната мрежа од сите земји освен од САД и од Канада, а преку истата се бара отштета во висина од 500 евра за корисник.

Дваесет и тригодишниот Драган од Скопје е еден од стотината Македонци кои се приклучија во тужбата против „Фејсбук“. Тој за „Телеграф“изјавил дека за иницијативата дознал преку странски медиуми

– Процесот на апликација е едноставен и се состои од неколку чекори. Потребно е да се има фејсбук-профил и со него да се регистрира. Следен чекор е да се пополнат дополнителни информации на веб-страницата и на крај потребно е да се испрати копија или скен од документ за лична идентификација,  рекол Драган.

Според него, корисниците треба да го добијат случајот поради тоа што досегашната судска практика на европските судови секогаш била во полза на граѓаните чии права биле повредени во слични случаи кога станува збор за лични информации на интернет.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1